Activity 1.1. Support to Employment

UNOPS arrangerte møte om arbeid - Photo:UNOPS
Credit: UNOPS

Press Release: Норвешка поддршка за отпочнување на сопствен бизнис / Norwegian support for starting a business

Норвешка поддршка за отпочнување на сопствен бизнис
Скопје, 11 јуни 2019 - Триесет невработени лица од Вардарскиот, Полошкиот, Југозападниот и Североисточниот плански регион од денес почнаа да посетуваат обука за отпочнување на бизнис која ја спроведува Агенцијата за поддршка на претприемништвото со поддршка на проектот Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија, финансиран од кралствата Норвешка и Шведска. Вкупната финансиска поддршка за оваа активност во износ од околу 200,000 евра е обезбедена во рамките на проектната компонента за подобрен пристап до вработување која е финансирана од Норвешка.

Oбуките се наменети за невработени лица од овие четири региони кои имаат идеја за отпочнување на сопствен бизнис, но немаат капацитет за изготвување на бизнис план.

„Имавме голема заинтересираност за овие обуки од страна на невработените лица од овие четири региони. Според критериумите за апликација половина од пријавените се жени, додека една третина се млади со возраст под 29 години. Обуките, во следните четири недели ќе се спроведуваат во Кавадарци и Куманово од страна на 11 искусни обучувачи од Агенцијата и Регионалните центри на Агенцијата, како и од надворешни консултанти. Според нашето досегашно искуство, очекуваме најголем број од посетителите на обуките да изготват одржливи бизнис планови со кои ќе имаат можност да побараат дополнително финансирање и како краен резултат да регистрираат свој бизнис“, вели Иле Митковски, директор на Агенцијата за поддршка на претприемништвото,.

Покрај обуката за изготвување на бизнис план, преку проектот Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија, лицата со најдобар бизнис план ќе добијат и дополнителна помош преку набавка на опрема за нивниот бизнис.

„Во соработка со проектот, најдобро оценетите бизнис планови и идеи дополнително ќе бидат поддржани преку набавка на потребна опрема за успешно функционирање на нивниот бизнис. Се надеваме дека преку оваа поддршка, невработените лица од овие региони ќе можат да отпочнат бизнис и да обезбедат дополнителни вработувања“, изјави Митковски.

Најголем дел од бизнис идеите на учесниците на обуката се однесуваат на отпочнување на сопствено производство во земјоделскиот, прехранбениот и угостителскиот сектор, како и за отворање бизниси за услужни дејности. Се очекува бизнисите да отпочнат со работа од ноември оваа година.

За дополнителни информации:
Дејан Стојанов
Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија
тел. 070 457 965 | е-пошта: dejans@unops.org


Press Release
Norwegian support for starting a business

Skopje, 11 June 2019 - Thirty unemployed people from the Vardar, Polog, Sothwest and Northeast planning regions have started, as of today, to attend a training for starting their own businesses that is being organized by the Agency for Support of Entrepreneurship with the assistance of the Nordic Support for Progress of North Macedonia project funded by the kingdoms of Norway and Sweden. The overall financial support for this activity of around 200,000 Euros is provided within the project component for improved access to employment that is financed by Norway.

The training is intended for unemployed people from these four regions that have an idea to start their own business, but lack the capacity to develop a business plan.

“These training attracted great interest from the unemployed people in these four regions. According to the application criteria, half of the attendees are women, and one third are youth under 29 year of age. The trainings during the upcoming four weeks, will be conducted in Kavadarci and Kumanovo by 11 seasoned trainers from the Agency and the Regional centers of the Agency as well as external consultants. From our past experience, we expect that at least half of the trainees will prepare good business plans that will enable them with the opportunity to seek additional funding, but will also help them to register their own business as a final outcome,” says Ile Mitkovski, the Director of the Agency for Support of Entrepreneurship.
Beside the training for developing a business plan, the trainees with the best assessed business plans will receive additional support through the Nordic Support for Progress of North Macedonia project that will procure equipment needed to kick-start their business.

“In cooperation with the project, the best evaluated business plans and ideas will additionally be supported through procurement of the equipment needed to start and successfully establish their business. We hope that through this support the unemployed people from these regions will be able to establish their businesses and thus support additional employments in these regions,” states Mitkovski.
Most of the business ideas of the trainees are related to establishing business related to production in the agriculture, food and the catering sectors, as well as opening business in the service industry. It is expected that the businesses will be operational from autumn this year.

For additional information:
Dejan Stojanov
Nordic support for progress of North Macedonia
tel. 070 457 965 | email: dejans@unops.org

UNOPS hold foredrag om arbeid
Photo:UNOPS